Речиси 800 додатоци во исхраната што се продаваат без рецепт, од 2007 до 2016 година, содржеле нелегални супстанции, објави Управата за храна и лекови на САД. Научниците земале голем број додатоци во исхраната и го проверувале нивниот состав, од кои некои биле полни со недозволени состојки.
Според една студија објавена во списанието JAMA, повеќе од една неодобрена состојка била пронајдена кај 20 проценти од додатоците во исхраната. Најчесто се работи за производи за зголемување на сексуалната потенција, губење на тежината или зголемување мускулна маса.
Истражувачите велат дека додатоците во исхраната кои содржат неодобрени кои инаку се издаваат на на рецепт, може да наштетат на здравјето поради погрешна употреба, прикриени медицински состојби или интеракции со други лекови. Состојките кои се наоѓаат во додатоците во исхраната кои се користат за подобрување на сексуалната активност се силденафил, тадалафил и варденафил.
Станува збор за активни состојки за третман на еректилната дисфункција, што може значително да ги оштети крвните садови ако тие претерано се користат.