Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Леонардо изјави дека клубот не добил никакви понуди за Нејмар. Барселона сака Бразилецот да се врати, но недостасуваат очигледни намери.
– Искрено, немам вести, Нејмар не заминува, нема конкретни предлози за него, тој е поврзан со ПСЖ со договор, а Нејмар е играч на ПСЖ, рече Бразилецот.
Тој потоа зборуваше за трансфер плановите на парижаните ова лето.
– Мислам дека селекцијата е скоро завршена, сакавме да потпишеме со централен дефанзивец и играч од средниот ред. Абду Дијало дојде на позицијата дефанзивец, сега бараме играч од средниот ред, додаде Леонардо.
Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, ги отфрли шпекулациите за купување на Усман Дембеле од Барселона.
– Ние немаме контакт со Дембеле, спротивно на она што го пишуваше печатот, изјави Тухел за „Канал +“