Поранешниот англиски шампион Лестер по шест натпревари без победа, синоќа конечно успеа да освои три бода на натпревар од премиер лигата. Во натпревар од 28.коло совладан е Брајтон со 2:1. Ова е прв триумф на „лисиците“ по оној на 1 јануари кога го совладаа Евертон.

Резултати на другите три натпревари од 28.коло во Англиското фудбалско првенство:
Кардиф – Евертон 0:3
Хадерсфилд – Вулвс 1:0
Њукасл – Барнли 2:0.

Вечер играат:
Арсенал – Бурнмут
Саутемптон – Фулам
Челзи – Тотенхем
Кристал палас – Манчестер јунајтед
Ливерпул – Вотфорд
Манчестер сити – Вест хем.