Изминативе 40 години, благодарение на сателитските мерења научниците знаат дека се намалува површината на морето на Арктикот што е прекриена со мраз.
Глобалното затоплување во последните десет години за 13 проценти ја намали површината на мразот во оваа област во текот на летото, кога таа и онака е на најново ниво. Тоа наведе некои истражувачи на помислата дека до средината на овој век Арктикот би можел да биде без мраз.
Но, научниците сепак сакаат да знаат колкава е дебелината на мразот, бидејќи нејзината површина им укажува колкав е вкупниот волумен на мразот на Арктикот.
Просечната дебелина се намалува, а топењето на повеќегодишниот мраз остава се повеќе површини прекриени со потенок едногодишен мраз. Ветровите и струите од друга страна го поместуваат стариот мраз надвор од реонот на Арктикот.
Мерењето на дебелината на мразот е посложено од мерењето на неговата површина. Во тоа на научниците им помага европскиот сателит „Крајосат 2“, кој користи радар за да го утврди издигнувањето на мразот, а со тоа и неговата дебелина.
Но, сателитот најдобро работи во зима. Во лето кога мразот се топи, тој тешко прави разлика помеѓу мразот и отвореното море. Попрецизни мерења на дебелината на мразот ќе даде сателитот на НАСА „ИЦЕСат 2“, но и тој ќе има слични ограничувања во текот на летниот период.
За да се надополни таа разлика во податоците, некои влади и други групи спроведоа кампања за мерења од авион во текот на летото. Најновите мерења ги спроведоа експерти од Институтот „Алфред Вегенер“ со седиште во германскиот град Бремерхавен, во текот на јули и август.
Од станицата Норд, мала данска воена и научна база на Гренланд, оддалечена околу 925 километри од географскиот Северен пол, експертите ја мереа дебелината на мразот во Арктичкиот Океан и во појасот Фрам, кој го одвојува Гренланд од норвешкиот ахипелаг Свалбард.
Програмата на Институтот „Алфред Вегенер“, со која раководи експертот за морски мраз Томас Крумпен, користи електромагнетен уред за проучување на разликата во електричната спроводливост на морската вода и мразот и ги споредува со прецизните податоци добиени со помош на ласери, со цел да ја пресмета дебелината на мразот.
Од 2011 година овој уред во форма на торпедо наречен „ЕМ-Бирт“, се употребува од авион. Тој виси на кабел на околу 20 метри над површината, додека авионот, модификуван ДЦ-3, лета сто метри повисоко со цел да премери многу поширока област.
Но, ниското летање бара многу планирања и добра видливост. Поради тоа тимот на Институтот, кој ова лето ангажираше два пилоти, инженер, механчар и уште еден научник, многу време поминува разговарајќи за времето.
– За вакво летање од суштинска важност се добрите метереолошки податоци. Потребно е да се пронајде добро место за целата операција да биде што побезбедна, изјави Крумпен.
Во период од 15 дена тимот на доктор Крумпен изведе девет истражувачки летови. Прелиминарните анализи на податоците покажуваат дека продолжува трендот на топење на мразот. Просечната дебелина на мразот во областите што беа проучувани во текот на ова лето изнесува околу еден и пол метар, што претставува намалување за околу два метри во споредба со дебелината пред десетина години.
– И натаму е многу потенок отколку што беше, вели доктор Крумпен.
Инаку, во станицата Норд постојано се стационирани шест војници. Тие се сами и изолирани од октомври до март, заедно со две кучиња што некогаш влечеле санки, а сега им прават друштво.
Како и во секоја оддалечена база и овде постојат чудни правила и ритуали, вклучувајќи и годишната подготовка на печено прасечко месо, по што следи еден вид арктичка верзија на средовековните игри. Тука секако е и обврската за време на вечерата во сабота навеер сите да носат костуми и вратоврски.