Осетете го вкусот на Медитеранот во вашата уста…
Потребно е:
1,8 кг млади компири
450 г сечкана боранија
3 големи испечени црвени пиперки, излупени и исечкани
115 г сечкан црвен кромид
200 г маслинки без семки
1 рака сечкан свеж магдонос
1 рака свежи листови рукола
1 краставица
за преливот:
2 лажици сенф
80 мл вински оцет
1/2 лажиче сол
80 мл маслиново масло
Подготовка:
– Компирите ставете ги да се варат во солена, ладна вода. Оставете да почне да врие на висока температура, а потоа смалете ја температурата и оставете ги да се доварат околу 15 минути, односно додека не омекнат. Исцедете ја водата и оставете ги компирите да се изладат.
– Во исто време во посебен сад сварете ја боранијата во солена вода додека не омекне. Исцедете ја и ставете ја во сад со ладна вода.
– Додека се варат компирите и боранијата подгответе го преливот. Во сад измешајте ги сенфот, оцетот, солта и маслиновото масло.
– Кога ќе се изладат компирите, исечете ги на половинки или, пак, ако се мали оставете ги цели и ставете ги во една длабока чинија. Додадете ги боранијата, пиперките исечени на ленти, кромидот, исечената краставица и маслинките.
– На крај додадете го преливот и измешајте. Оставете ја салатата да отстои, а пред да ја послужите посипете ја со сечкан свеж магдонос и листови рукола.