Денешниот ден во Македонија помина во знакот на стабилно, суво и натпросечно топло време, со вистински летни температури, иако сме Октомври. До 17 часот и тоа според УХМР најтопло беше во Скопје Петровец, Гевгелија и во Кавадарци со измерени максимални 30 степени.
На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени денес во Македонија и тоа по градови и места, на мерните станици на УХМР.
Утре (петок) повторно ќе биде натпросечно топло, но со тоа што ќе имаме повеќе облачност, како и појава на локален дожд, проследен со ретки грмежи.