Воениот рок во Летонија повторно ќе биде задолжителен, најави министерот за одбрана Артис Пабрикс, во време на тензии со соседна Русија и војната во Украина, јавуваат медиуми во регионот.

– Сегашниот воен систем на Летонија ги достигна своите граници. Истовремено, немаме причини за верување дека Русија ќе го промени своето однесување, изјави Пабрикс.

Воениот рок би требало да биде вратен во 2023 година и ќе биде само за машки лица.

По влегувањето во НАТО, Летонија се откажа од задолжителниот воен рок. Од 2007 година, војската на оваа балтичка земја, членка на Европската Унија, ја сочинуваат професионални војници и волонтери на Националната гарда, кои служат во пешадија за време на викенди и хонорарно.

Земјата што има помалку од два милиона жители и што се граничи со Белорусија и со Русија, има 7.500 војници во активна служба и припадници на Националната гарда, со поддршка од 1.500 војници на НАТО.