Околу 40 членови на еврејската религиозна група” Лев Тахор”пристигнале синоќа со автобус во охридското село Горно Лакочереј сведочат жителите на селото.
Вознемирени сме како никогаш досега велат тие, стравуваат за својата и безбедноста на децата бидејќи се изнаслушале разни муабети за групата. Бараат луѓето да бидат веднаш дислоцирани од селото или тие во спротивно ќе излезат масовно на протести.
Од хотелот кој се наоѓа во непосредна близина на Горно Лакочереј пак првично ни рекоа дека групата била најавена оти ќе дојде но дека тие немало да ги примаат токму поради бурните реакции на жителите и најавата за протести. Но подоцна телефонот во хотелот беше недостапен.
Дополнително велат жителите проблем е што хотелот се наоѓа на 200 метри од училиштето во кое учат нивните деца. Присуството на групата според нив го руши имиџот и на селото и градот Охрид бидејќи досега се депортирани од сите места каде имаат престојувано.
Денеска во селото беше присутно и возило на полицијата а од МВР апелираат на покажување толеранција кон овие луѓе бидејќи се со легален престој и имаат право да се движат слободно.
Откако на почетокот на месецов групата од Босна дојде во Куманово, наиде на неприфаќање од локалните жители. Од таму, со полициска придружба беа пренесени во Скопје, бидејќи им била загрозена безбедноста.Пред домот во кој престојувале постојано имало љубопитни граѓани, а некои фрлале со јајца и камења по нив.