Македонскиот репрезентативец Енис Барди одигра 62 минути на денешниот дуел против Барселона кој го доби неговиот тим со 3:1.
Дека победа ќе слават домаќините не изгледаше по првото полувреме кое им припадна на фудбалерите на Барселона. Стрелец на единствениот гол во првиот дел беше Лионел Меси од пенал. За Аргентинецот овој погодок беше 500-ти постигнат со лева нога во дресот на Барса.
Во вторите 45 минути, тимот од Валенсија постигна три гола преку Кампања, Махорал и Радоња за целосен резултатски пресврт.
По овој „кикс“ на Каталонците, Реал Мадрид има шанса со еветуален триумф вечерва против Бетис да се врати на лидерското место во Примера.