ЛЕВКОВ: Дезертерот Ковачевски се повикал на трајна неспособност за да биде војник во АРМ, но не и кога требало да биде премиер

/ 27.12.2022

365 дена скандали, дезертерот Ковачевски се повикал на трајна неспособност за војска, но не и кога требало да стане премиер.

Ковачевски е дезертер, затоа што со документ за трајна неспособност избегнал служење воен рок, документ кој не го употребил ниту кога требало да биде именуван за директор во телекомуникациските компании кои работел, ниту кога требало да стане заменик министер за финансии, ниту пред да биде избран за премиер. Ковачевски дезертирал и се вадел на неспособност само кога тој требал да даде до принос за слободата и независноста на државата, но не и кога требал да ги ужива плодовите од државата, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Премиер како Ковачевски кој покажал дека не чувствува обврска кон државата, не може ниту да работи за државата. Затоа и имаме шеф на ЈО како Ислам Абази, непознат во фелата, но добро познат во политичките кругови на ДУИ, со чии челници бил во често друштво. Ваквиот избор за прв обвинител наиде и на шок кај нашите стратешки партнери.

Заради Ковачевски и неговата негрижа за државата страдаат сите сегменти на системот. Здравството е целосно девастирано, пациентите едвај доаѓаат до термин кај специјалист, терапии често се набавуваат од Србија, Косово или некоја друга соседна држава.

Инфлацијата која е на врвот на листата во Европа го јаде стандардот на граѓаните. Цената на основните намирници за една година е зголемена и за повеќе од 30%. Власта се однесува како маќеа кон сопствениот народ.

И додека удираат по народот, Ковачевски и СДС преку партиски штабови вработуваат професионални војници. Додека тендери се делат помеѓу функционерите, како што е примерот со тендерот од 630.000 евра во РЕК Битола кој го добива сопругата на директорот на ТЕЦ Неготино.

СДС и ДУИ оваа година функционираат како до сега, со криминал, корупција, борба за личен интерес и бенефит, додека народот тоне во сиромаштија, а Македонија губи. Затоа потребни се промени и нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе донесе подобра иднина за сите, додава Лефков.


Од истата категорија