Новоназначениот либански премиер Мустафа Адиб, кој ја презеде работата за да и помогне на земјата да се крене по уништувачката експлозија во август во Бејрут, изјави дека се повлекува од функцијата без да формира нова влада, повикувајќи се на политичките пресметки во земјата, јави ДПА.
Државната новинска агенција соопшти дека Адиб оставката ја објави по средбата со либанскиот претседател Мишел Аун во палатата Баабда.
Адиб беше назначен за премиер на 31 август од страна на претседателот Аун, на местото на Хасан Диаб.
Експлозијата на 4 август уби стотици лица, оставајќи многу повеќе луѓе без покрив над главата и ја потресе земјата која и онака беше пред економски колапс, додаде ДПА.