Стотици Либанци излегоа синоќа на протести во Бејрут со барање да биде донесен закон со кој ќе се забрани брак со лица под 18-годишна возраст.
Жени, пратеници и актери се собраа крај Парламентот на протестот организиран од граѓански здруженија. Тие носеа транспаренти „Не пред 18 години“ и „Крај на брак со деца, почнува нивно образование“.
Демонстрантите сакаат да биде донесен законот кој со месеци се чека во Парламентот.
Минималната возраст за брак во Либан се определува од 18-те религиозни заедници. Кај муслиманската е 18 години за момчиња и 14-17 за девојки. Кај христијаните е од 16-18 за момчиња и 14-18 за девојчиња.