ЛИБАНСКАТА НОВИНСКА АГЕНЦИЈА: Најмалку 24 загинати во израелските воздушни напади во североисточниот дел на Либан

/ 01.11.2024

Најмалку 24 лица загинаа во денешните израелски воздушни напади во североисточниот дел на Либан, јави либанската државна новинска агенција, додавајќи дека претходните извештаи укажувале дека бројот е осуммина.

Израелската армија соопшти дека цел на воената операција во Либан е инфраструктурата на либанската екстремистичка организација Хезболах.

Агенцијата објави дека биле извршени четири воздушни напади врз неколку села низ североисточниот дел на Либан и дека спасувачите трагаат по преживеани во урнатините на куќата која е гаѓана во градот Јунин, во долината Бека.

Хусеин Хаџ Хасан, либански пратеник кој го претставува регионот Баалбек-Хермел, рече дека 60.000 луѓе веќе ги напуштиле своите домови во областа поради израелските напади.

Се очекува да се зголеми бројот на жртвите во денешните напади.


Од истата категорија