Карфиолот се најде на мета на многу политичари и невладини организации како расистичко растение, и ако мислите дека тоа е напад на ирелевантни поединци, грешите. Во САД, во моментов се води дебата за карфиолот, во која учествуваат најпознатите телевизии и конгресмени. Така, на Фокс Њуз почна почна да се разговара за судбината на ова растение.

Во текот на поголемиот дел од човечката историја, расизмот беше прецизен концепт и значеше да се верува дека една раса е генетски супериорна во однос на другите. Последните децении  левицата и либералите преку медиумите, се обидуваат да го  редефинираат според лични перцепции.

Дали знаевте дека растенијата можат да бидат расистички? Да, според либералите, тоа веќе не се доведува до прашање. Во САД се води кампања против карфиолот, а меѓу најбучните е ѕвездата на Демократската партија и членка на американскиот конгрес Александрија Окасио Кортез.

Зошто е проблематичен карфиолот? Радикално-либералните и левичарските групи тврдат дека проблемот е во неговото потекло, бидејќи тоа е култура која потекнува од Европа, па неговото носење од Европа во Америка ги асоцира  чувствителните либерали на колонијализам и расизам. Интересно што политичарите, глобалисти, кои не ги интересира кој од каде е и кој е, имаат чудна фиксација со потеклото на растенијата.

Конгресменката Александра Окасио Кортез, која се смета за заштитничка на животната средина, тврди дека карфиолот е лош за природната средина и го нарушува „зелениот простор”.

„Сериозно размислете за тоа. Кога некој вели дека е премногу тешко да се грижите за зелениот простор да одгледувате јука, наместо карфиол, тој зазема колонијален пристап кон природната средина, и поради тоа многу заедници од друга боја на кожата покажуваат отпор и движења за заштита на животната средина, бидејќи таквите ставови доаѓаат од луѓе кои гледаат на нештата преку колонијални очила”, вели конгресменката во видео кое го стави на нејзиниот профил.

Покрај расистичката колонијална природа на карфиол, либералите ја обвинуваат оваа култура дека се лоша за земјиштето, бидејќи се сади по принципот на монокултура, односно мора да се сади секоја година на иста почва за да успее, за што критичарите тврдат дека имаат лошо влијание врз земјата.