Повеќе од 100 мигранти киднапираа товарен брод што претходно ги спасил на бреговите на Либија, барајќи членовите на екипажот да ги пренесат во Малта.
Се претпоставува дека мигрантите одлучиле да го киднапираат бродот откако екипажот објавил дека ќе ги врати во Либија.
Малтешкиот власти објавија дека нема да дозволат бродот да плови во нивните води, додека италијанскиот вицепремиер Матео Салвини ги нарече мигрантите – пирати.
На бродот „Елиблу” има повеќе од 100 мигранти, и засега не е познато каде точно се наоѓа.