Во Либија 17 поранешни припадници на Исламска држава се осудени на смрт поради убиството на 53 лица во западниот град Сабрата и уништувањето на државен имот.
Не е познато кога ќе бидат извршени смртните казни.
За истото дела 16 екстремисти се осудени на затворски казни, од кои двајца на доживотен затвор.
Џихадистите го зајакнаа своето влијание во Либија по соборувањето на Моамер Гадафи во 2011 година. Во 2016 година ИД беше протерана од градот Сирт и ги префрли своите борци во внатрешноста на земјата. ИД е присутна и во други места како Сабрата, во близина на границата со Тунис.
Во февруари 2016 година, САД извршија воздушен напад врз камп на ИД во близина на Сабрата, при што загинаа најмалку 40 луѓе.