Проучувајќи ја древната кинеска филозофија, сексологот Трејси Кокс изградила своја теорија дека лицето го открива сѐ она што треба да го знаеме за партнерот во однос на љубовта и сексот, колку е тој /таа слободен/-на, верен/-на, топол/-а, имагинативен/-на…

Очи

Ако имате потемна боја на очите, тоа значи дека сте страсни, топли и отворени. Синооките и зеленооките се креативни во сексуалниот живот, но често се и неверни како партнери, а оние со кафени очи се дури и уште поголеми авантуристи.

Усни

Големите и полни усни укажуваат на сензуални, несебични љубовници, а по малку и имагинативни и инвентивни. Пополната долна усна е карактеристика на хедонистите во сè, па дури и во љубовта, додека пак, ако таа е потенка, личноста најверојатно е студена и воздржана.

Нос

Малиот нос е симбол на сексуална скромност, а оној којшто е малку заоблен надолу – на сензуалност. Луѓето со тап нос обично се страствени, додека пак, оние со чпртав, се романтични и верни.

Уши

Луѓе со мали ушни школки се отворени и посветени на љубените, а оние со поголеми уши важат за сензуални и страсни љубовници, кои сепак сакаат и „нешто настрана”.

Веѓи

Ретките и кратки веѓи се признак за посветеност и пожртвуваност во љубовта, но и на скромност во желбата за секс. За оние со густи веѓи, се вели дека се сензуални, но и неверни.