Опозициската лидерка во Бенин, Рекија Мадуогу, денеска е осудена на 20 години затвор и парична казна, јави ДПА.
Пролетва Мадоугу му се спротивстави на актуелниот претседател Патрис Талон на претседателските избори. Меѓутоа, беше обвинета за нарушување на изборите во оваа западноафриканска земја и беше уапсена неколку недели пред изборите во април. Обвинителството ја обвини за тероризам.
Талон, кој се збогати како претприемач со памук и од 2016 година владее со оваа поранешна француска колонија, се смета за автократски државник кој систематски ја гази опозицијата, пренесува Д ПА.
Според тинк-тенкот „Институтот за безбедносни студии“ (ISS), за време на петгодишниот претседателоки мандат на Талон во земјата се уапсени најмалку петмина опозициски политичари.