Претседателот на холандската десничарска партија ПВВ Герт Вилдерс го коментираше падот на власта на Асад во Сирија и упати директна порака до холандскиот премиер Дик Шуф во врска со сириските бегалци во Холандија.
Имено, осврнувајќи се на прославата на Сиријците ширум Европа по повод падот на Асад, Вилдерс рече дека оваа прослава покажува дека се исполнети условите за враќање на Сиријците во нивните домови. „Доколку Сиријците во Холандија слават поради новонастанатата ситуација во Сирија, тогаш сега можат да се вратат назад. Премиере Шуф, веднаш суспендирајте го издавањето азил за Сиријците“, рече Вилдерс.
Als Syriërs in Nederland zelf staan te juichen over de nieuwe situatie in Syrië dan kunnen ze ook terug worden gestuurd @MinPres Schoof! En voer ook meteen een asielstop voor Syriërs in!
— Geert Wilders (@geertwilderspvv) December 9, 2024
Откако вчера беа објавени информации за влез на бунтовниците во Дамаск и заминување на Асад, Сиријците ширум Европа и светот организираа масовни прослави поради промената на власта во Сирија. Прославата е снимена на улиците на Лондон, Мадрид, Париз, Берлин, Амстердам и други европски градови.
A massive crowd of “Allahu Akbar” shouting Syrians has gathered in Utrecht today next to The Netherlands’ tallest Church tower.
Since they’re all so overjoyed, I’d say we put them straight on a one-way flight back home to Syria.👋🏻
pic.twitter.com/01QVrEScDd— Eva Vlaardingerbroek (@EvaVlaar) December 8, 2024
“We’ll go back to Syria, we’ll rebuild our country and we expect you to visit!” Beautiful scenes across the Netherlands pic.twitter.com/tK8iiuzdug
— Mariska den Eelden 🇪🇺🇳🇱 (@eeldenden) December 9, 2024