УЕФА му го довери финалето на Лигата на Европа на италијанскиот судија Џанлука Роки, во кое ќе се соочат англиските клубови Челзи и Арсенал на 29 мај во Баку.
Помошници на 45-годишниот Роки ќе му бидат сонародници Филипо Мели и Лоренцо Мангалели, а четврти судија ќе биде Даниеле Орсато.
Џанлука Роки е меѓународен судија од 2008 година. Оваа сезона ја делеше правдата во шест натпревари во Лигата на шампионите, каде што на 1 јуни во Мадрид ќе има англиско финале меѓу Ливерпул и Тотенхем.