Екипата на Ренова денска го заврши својот настап во второто квалификациско за пласман во Лигата на Европа, откако доживеа пораз во Тетово со минимални 0:1 од Хајдук Сплит.
Мијо Чакташ го постигна единствениот гол на натпреварот уште на самиот старт по центаршутот на Жаиро.
Тетовци имаа свои шанси, но не ги искористија и се простуваат од евротурнирите за оваа сезона.
Хајдук во третото коло ќе игра со победникот од дуелот меѓу Нефчи и Галатасарај.
За разлика од Ренова, екипата на Шкендија беше поуспешна од романскиот Ботосани и на гостувањето победи со 1:0.
Вечерва игра екипата на Силекс со Дрита од Косово.