Фудбалската Лига на нации е подготвена за реформи, и според предлогот кој треба да се изгласа утре во Љубљана на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА, ќе се смени системот и ќе се играат повеќе натпревари во А групата.
Овие промени се најмногу поради испаѓањето на Германија од А во Б лигата. Германците беа најслаби во групата со Франција и Холандија. За да се задржи маркетиншки моќната Германија во елитниот сегмент, се предлага проширување на Лига А од 12 на 16 тима.
Покрај Германија, полза би имале и Полска, Хрватска и Исланд кои испаднаа од Лига А, а вака со проширувањето, би останале таму. Македонската репрезентација од Д влезе во Ц лига и есента 2020 ќе игра во третата квалитативна група.