Никола ГРУЕВСКИ
IN MEMORIAM 31 Август, ден на убиството на Тодор Александров
Оваа година, на 14 јуни во Бугарија многумина публицисти и историчари ја одбележаа 100 годишнината од убиството на бугарскиот премиер и водач на партијата “Бугарски земјоделскиот народен сојуз” (БЗНС) Александар Стамболиски (1879-1923), извршено од група припадници на внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) предводени од скопскиот војвода Величко Велјанов-Чичето (1874-1943).
Убиството е сторено пет дена по државниот воен преврат организиран од “Воениот сојуз” и “Народна воља”, а подржан од ВМРО предводена од Тодор Александров на 9 јуни 1923 година.
Причината за вклучувањето на ВМРО во овој чин е отворената војна на владата на Стамболиски кон ВМРО со цел нивно уништување заради неговата желба да ги подобри односите со Кралството СХС.…
…Умрел во тешки маки и неподносливи болки, а вон тој настан ликвидрани се и неговите два најблиски министри.
Што довело до тоа да се случи?
Кои биле причините за овие настани и чекорите и на едната и на другата страна?
Кој ги предизвикал?
Која била политичката атмосфера во Бугарија по доаѓањето на Земјоделскиот сојуз на власт во 1919 година, непосредно по завршувањето на првата светска војна?
Кои биле состојбите во општеството во тоа време од гледна точка и на власта и на опозицијата во Бугарија, како и на ВМРО на Александров?
Кои чекори ги преземал премиерот Стамболиски и неговите министри, кон неговите противници и опозиција, каква била неговата поддршка во општеството, како дошол на власт и што правел, и што толку многу го довело ВМРО до таква сурова постапка, и од каде толку многу насобран гнев за жив да му сечат делови од телото и според некои извори да му направат над 60 не многу длабоки убоди со нож за да не предизвикаат брза, туку бавна мачна смрт, и каква порака испратиле што по убиството на министерот Александар Димитров му ја отсекле главата?
Оние кои ги интересира, а не се запознаени, може да се дознаат од овој текст….
…Нашироко е познат па дури и опеан во некои песни атентатот на кралот Александар Караѓорѓевиќ во Марсеј, Франција на 9
Октомври 1934 година и околностите кои довеле до тоа.
Но помалку е позната огромната нетрпеливост и борбата со дел од владите на Бугарија, особено со земјоделската влада на Александар Стамболиски која се обидела да ја уништи ВМРО, но и подоцна по извршениот преврат и воен удар по кој доаѓа на позицијата премиер универзитетскиот професор Александар Цанков, со која и покрај почетното затоплување на односите е ликвидиран Тодор Александров…
За оние кои повеќе ги интересира оваа возбудлива тема на крупни историски случувања подетално во есејот до кој не води овој линк.