Обвинителката Лиле Стефанова дала негативно мислење до Основниот кривичен суд во однос на барањата на Орце Камчев и Цветан Панделевски да добијат времени пасоши. Мислењето до судот е испратено утрово.
Тие се осомничени во случајот „Империја“, а Камчев бараше продолжување на времениот пасош поради службени патувања, додека Панделевски за лекување.
Камчев претходниот пасош го доби од специјалната обвинителка Катица Јанева и тоа во период за кој се однесува случајот „Рекет“ каде е осомничена и самата Јанева.
По испратеното негативно мислење од Стефанова, сега судот треба да пресече дали двајцата бизнисмени ќе добијат времени пасоши или не.