Поранешниот репрезентативец на Англија, Гери Линекер се подигра со Манчестер Јунајтед по поразот од 1-3 од Манчестер Сити во првиот натпревар од полуфиналето за Карабао Купот, одигран на „Олд Трафорд“.
„Граѓаните“ тотално го надиграа својот градски ривал и ги постигнаа сите голови во првото полувреме. Резултатот можеше да биде далеку поубедлив, да не беа уште неколку пропусти.
„Фала му на Бога, ждрепката за полуфиналето не ги собра двата гиганти од Премиер лигата“, напиша Линекер на Твитер.
Тој мисли на Лестер, кој вечерва го пречекува тимот на Астон Вила во другото полуфинале.
Во моментов, „лисиците“ го заземаат второто место во Премиер лигата, а во 2016 година ја освоија титулата. Јунајтед за последен пат стана шампион во 2013 година.