Познатиот тренер Марчело Липи е восхитен од класата на Матаис Де Лихт, кој е пред трансфер во неговиот поранешен клуб Јувентус.
– Во кариерата сум видел дефанзивци како Алесандро Неста, Франко Барези, Паоло Малдини, Чиро Ферара, Фабио Канаваро и Марко Матераци, но никогаш досега не сум забележал такви квалитети во играч на таа возраст, изјави Липи за 19-годишниот Холанѓанец.
Капитенот на Ајакс се очекува да потпише со „црно-белите“ за 67 милиони евра плус 13 милиони под форма на клаузули.
– За мене најдоброто засилување во Јуве ќе биде Де Лихт. Тој е многу цврст, импресионира со физичкиот изглед, покажува исклучителна интелигенција, технички е поткован, а и постигнува многу голови. Со него, Џорџо Киелини и Леонардо Бонучи екипата би станала уште посилна и веќе ќе има можност да ја освои дури и Лигата на Шампионите, вели Италијанецот пред „Тутоспорт“.