Властите во Лисабон денеска одлучија да ги казнат сопствениците на електрични тротинети, кои ќе се најдат на тротоарите во стариот град на португалската престолнина.
Компаниите, кои ги изнајмуваат електрични тротинети, ќе мора да платат казна до 300 евра ако овие превозни средства бидат најдени на тротоарите и другите јавни површини.
Во изминатата година, девет компании го преплавија Лисабон со илјадници електрични тротинети, што е дел од т.н. револуција на микро-мобилност со која корисниците ги користат тротините за кратки патувања низ градот.