Парламентот на Литванија денеска гласаше за поддршка на повлекувањето на земјата од Конвенцијата за касетна муниција, која забранува производство, складирање, употреба и пренос на тоа оружје.
– Конвенциите се важни кога сите земји ги почитуваат. Проблемот е што Русија, во својата агресија против Украина, не се придржува до нив, рече литванскиот министер за одбрана Лауринас Касчинас во Парламентот пред гласањето.
Фото: Ал Џезеира