Властите во Литванија, членка на ЕУ и на НАТО, денеска соопштија дека ќе воведат вонредна состојба по воздушниот и копнениот напад на руската армија врз Украина.
-Денеска ќе потпишам указ за воведување вонредна состојба, изјави литванскиот претседател Гитанас Наузеда по состанокот на националниот совет за одбрана. Тој додаде дека Литванија ќе побара активирање на членот 4 на НАТО, кој предвидува итни консултации доколку членка на алијансата е загрозена.