Ливадата со нарасната трева наместо фабрика е единствениот проект од „Зелената агенда“ на ДУИ и нивната експозитура СДС!
Фабрика за производство на електрични автомобили во Тетово нема! Да не беа трагични, смешни ќе беа зборовите на Деспотовски и Ковачевски пред една година, но и во текот на цела година поврзани со фабриката која не постои!
По цела година лаги дека се тече според план и дека фабрика ќе има, а според најавите за четири месеци од денеска треба и електрични автомобили да се возат произведени во Тетово, по најавите дека цели 43 милиони евра помош од буџетот следат за фабриката, по лагите за 900, а можеби и 3-4.000 нови вработени, одговорноста е директно кај Јован Деспотовски.
И почитувани, по цела година празна нива, продолжуваат лагите за фабрика за автомобили во Тетово!
Ламентирањата на Деспотовски дека имало план и имало конзорциум, не го менуваат фактот дека фабрика нема!
За да биде појасно, во Македонија може да има и конзорциум со план за вселенски истражувања, но тоа не го менува фактот дека ниту сме сила, ниту дека имаме ракета, но можеби Деспотовски ќе смета дека сме го освоиле Марс!
Во бизнисот, времето е пари, загубена една цела година, за фабрика, за електрични автомобили е сериозен показател дека станува збор за голема лага.
Лага испорачана од владата, од ДУИ, од СДС, и од Јован Деспотовски којшто глумеше домаќин на прославата за наводен камен темелник за фабрика!
И затоа, најмалку што е потребно и очекувано, е оставка од морални причини од Јован Деспотовски од позицијата директор на ТИРЗ.