Ливерпул е новиот фудбалски крал на Европа. Вечерва тој го победи Тотенхем со 2:0 и тоа со головите на Салах во 2 минута и на Ориги во 87 минута.
Салах погоди од пенал, а вториот гол Ливерпул го постигна по несмасна реакција на одбраната на Тотенхем која, практично, му ја подари шампионската титула на Ливерпул.
Се сметаше дека вечерашнава битка ќе биде меѓу тренерите Клоп и Покетино. и тоа навистиана беше така, со тоа што главниот проблем на Тотенхем беше што не успеа да ја пробие одбраната на Ливерпул, па натпреварот најверојатно ќе завршеше со победа на „црвените ѓаволи“ и без вториот погодок.
Ова е шампионска титула на Ливерпул по 14 години откако во сезоната 2004/05 година го победи Милан по изведување на пенали. Во регуларниот дел од натпреварпт, резултатот беше 3:3. По речиси деценија ипол, на Германецот Клоп му успеа трофејот одново да го врати во трибините на Ливерпул.