Премиерлигашот Ливерпул направи промени во составот на тимот за Лигата на шампионите, објави официјалниот сајт на клубот. Играчот од средниот ред Алекс Окслејд-Чемберлен е ставен на листата на играчи за настап во елитното натпреварување на УЕФА.
Дваесет и петгодишниот Англичанец во тековната сезона не играл ниту еднаш. Тој претрпе повреда на коленото во полуфиналето на ЛШ против Рома минатата сезона и оттогаш не беше на теренот.
Во осминафиналето на Лигата на шампионите Ливерпул ќе игра со Баерн. Натпреварите ќе се одржат на 19 февруари и 13 март.