Ливерпул ја заврши годината со победа, откако го совлада Вулверхемптон со 1-0 на домашен терен.
Садио Мане го постигна единствениот гол во 42 минута, меѓутоа гостите имаа неколку добри можности. Тука го вклучуваме и голот на Педро Нето на крајот од првото полувреме, кој беше поништен по преглед на ВАР.
Така Ливерпул ја заврши годината со 18 победи од 19 одиграни натпревари и без пораз, откако има 55 поени.
Тимот на Јурген Клоп е исто така повеќе од перфектен на „Енфилд“ – 10 победи од 10 одиграни натпревари.
Лестер е втор во пласманот со 42, додека Манчестер Сити има 39, но во моментов игра против Шефилд Јунајтед.