LIVSANE караванот во посета на Штип. Здравите навики и начин на живеење се најважните работи во нашите животи.

За да биде инспирација на тоа и да ги поттикне луѓето кон подобро здравје,LIVSANE со својот караван го посети Штип. LIVSANE оваа цел ја започна во Скопје на Водно. Таму ги топлеше сите љубители на природата кои ја искачуваа планината.

Изминатиот викенд, тимот на LIVSANE беше во Штип,град познат по својата топлина и гостопримливост. Совршен за пораката која сакаше да ја пренесе самиот бренд со своите производи. Самиот караван го стопли и исполни празничниот дух во градот со чаевите од ѓумбир и брусница и најновиот чај „Зимска бајка“.

Истите може да се најдат ексклузивно и само во BETTY аптеките. Чајот „Зимска бајка“ е во ограничени количини, па погрижете се да го пробате на време за новогодишните празници. BETTY аптеките ги има низ целата држава, а штипјани може да ги најдат во својот град на следните локации – Аптека Биолек, Аптека Дијана, Аптека Здравје 1, Аптека Здравје 2, Аптека Медифарм и Аптека Радолек.

За локациите низ целата држава може да се посети и официјалната страна https://betty.mk/.Самите аптеки и LIVSANE совршено се вклопуваат поради нивната иста цел, повеќе здравје за сите.

LIVSANE има и повеќе различни понуди покрај чаевите, и тоа производи за поддршка на имуниот систем, за поддршка на мускулна функција, нормален енергетски метаболизам, за намалување на замор и исцрпеност, производи за здрави коса и нокти и уште голем број други, кои може да ги најдете ексклузивно и само во BETTY аптеките.