Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас изјави дека нејзината земја и дава поддршка на Босна и Херцеговина во форма на обука на вооружените сили со цел да се одбрани од руското влијание и за сопствена безбедност.
Шефицата на британската дипломатија во видео-обраќање преку Твитер изјави дека искрената и сигурна инвестиција во БиХ „ќе обезбеди силна алтернатива“.
– Ние им помагаме да ги обучиме нивните вооружени сили да ја заштитат нивната безбедност, рече Трас. Таа истакна дека не смее да се дозволи Западен Балкан да се врати во минатото.
За време на нејзината посета на Чешка, додаде таа, беше договорено земјата да ја засили испораката на оружје и санкциите за да и помогне на Украина.
– Историјата не учи дека попуштањето не е решение за агресијата. Мораме да и се спротивставиме на агресијата со акција и сила, и затоа работиме со нашите сојузници за да ја поддржиме Украина и да обезбедиме рускиот претседател Владимир Путин таму да биде поразен, рече Лиз Трас.