Љубителите на филмските жанрови фантастика и научна фантастика, се најголеми реалисти во поглед на љубовта, сексот и врските, посочува ново истражување на Универзитетот Оклахома.
Во студијата учествувале 404 возрасни лица, кои биле поделени според тоа кој од седумте понудени жанрови го претпочитаат, а потоа одговарале и на прашањата околу љубовта и сексот. Љубителите на „Хари Потер“ или „Одмазници“, покажале најреални ставови и погледи на водењето љубов.
Тие исто така сметаат дека кавгите во врските не нѐ водат кон нејзиниот крај.
Оние испитаници, пак, кои најмногу сакаат љубовни филмови и драми, покажале многу нереални очекувања и ставови, кои најверојатно ги попримиле од своите омилени филмови.