Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна Љубчо Георгиевски денеска остварил средба со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.
За средбата информираше министерката Захариева на нејзиниот фејсбук-профил.
– Мојот тим и јас денеска имавме плодна средба со нашиот пријател од Република Северна Македонија и нејзиниот премиер (1998-2002) Лубчо Георгиевски, напиша Захариева.
Георгиевски неодамна изјави дека ќе ја посети Софија за да информира дека евентуалното вето од Бугарија би било контрапродуктивно.