Министерке,

Сите мои настапи во изминативе денови, беа обид да Ви укажам на бројните пропусти од Годишната програма, а Вие не само што не сте сфатиле, туку и понатаму продолживте да тонете во калта.

Малку ли Ви се бројните реакции од културните работници, за да се свестите што сте направиле?

Ви се обраќам лично, како културен работник, актер прва категорија во Драмскиот театар од Скопје.

Оној кој е залутан во културата, тоа сте Вие! И сосема нескромно, но така и Ве доживуваат.

Ве советувам да престанете да ја понижувате македонската културна јавност, затоа што токму Вие немате никаков кредибилитет да зборувате за македонската култура!

И не само Вие, туку и целиот Ваш кабинет, кој го нарекувате тим во културата, не донесoвте до ова дереџе денес!

Што ви оставивме ние кога дојдовте? Ви изградивме НОВИ институции, со најсовремена техника, целосно реконструиравме повеќе десетици објекти, отваравме нови музејски поставки, …се ви беше на тацна оставено, а Вие се’ уништивте!

Нека ја погледне македонската јавност Вашата Годишна програма за инвестиции и тековно одржување на националните установи! МИЗЕРИЈА

Кај не им давате на установите средства за одржување, па не им давате ни средства за проекти, за да можат да си обезбедат сопствен приход и да си инвестираат самите за тековните потреби.

Ќе Ве потсетам дека Вашиот претходник Алаѓозовски, за својот мандат, прво и единствено што успешно го направи е што го избриша целиот сајт на министерството за култура! За да не останат докази кои ќе посведочат за комплетната неспособност на сите Ваши министри во културата.

Но културната нема потреба да памети износи, но памети светски имиња на македонската сцена, памети претстави кои сеуште се најпродавани по театрите, Ги памети Морфов, Пандур, Иван Поповски, Демјан Хрст, Салвадор Дали, Хенри Мур, памети премиери со светски балетски и оперски уметници кои гостуваа на спектакуларните претстави, кои, ќе повторам, сеуште се изведуваат на репертоарите!

Инвестиравме и во живата култура и во инфраструктурата и во уметничките и во човечкие капацитети.

Министерке,

Зошто вчера потрошивте половина час во обвинување на опозицијата, па дури и за патните исправи на очиглед на целата македонска јавнот, наместо да објасните како тоа се ставаат наставници по англиски и студенти и млади од 25 години во стручните комисии кои со своето неискуство одлучуваат за судбини на зрели и реномирани автори и проекти?

Објаснете и на јавноста конкретно, што е тоа што Ви пречи што Градоначалникот и Советот на Велес одлучиле сите културни активности да се организираат од здруженија на граѓани, наместо од еден човек од Општината? Нешто кое скоро две години функционира, граѓаните на Велес немаат реакции, а градот има 200 денови културни настани. Што е тоа што само Вие не успеавте да го видите минатата година, на Рацинови средби, па годинава го казнивте фестивалот со 83,000 денари?

Одговорете, како за 2023 година одобривте преку 2.200.000 денари за фестивал на тазе фирма МАСТЕР ПРО ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ за проектот „Тајмлес Фестивал“, а оваа година гледаме дека истата е згасната, па во Програмата е со ново име МОДУС ПРО ПРОДУКЦИЈА за истиот фестивал кој е поддржан со 2.400.000 денари? Што се крие позади ова?

Ова не е проблем, Рацин е проблем нели?

Министерке, престанете да манипулирате со јавноста, сфаќате ли дека Вие должите одговори како прв и најповикан човек во културата, не јас!

Наместо да се жестите во јавните настапи, глумејќи дека сте обезправено нападнати, зошто конкретно не им кажавте на граѓаните која фирма ја избравте за изведувач на Универзална сала и како? Кој е и како го избравте надзорот? И каде се објавени безбедените 120.000.000 денари?

И конечно зошто чесно и отворено не им кажете на граѓаните дека единствениот проект на оваа Влада на ДУИ, кој тече непречено како дупка без дно е Тетовскиот театар, за кој за 8 години се одлеани  преку 42 милиони евра. И кој, замислете уште не е готов исто како и патот Кичево – Охрид.

Она кое на сите ни е јасно, дека оваа Влада не уназади, идентитетски не обезличи, не ограби,  задолжи и не опустоши во секоја смисла на зборот!!!

Одговорност ќе има!

Линк од ФБ објава на Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ: