Не се поддржани проекти од национален интерес, а се поддржани новоформирани здруженија на граѓани и компании кои се појавуваат за прв пат и за сметка на претходните добиваат многу големи средства, рече Зоран Љутков, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на Тема на денот во централниот Дневник на телевизија Сител говорејќи ја Годинешната програма за култура.
Љутков посочи дека манифестацијата 60 години Рацинови средби во изминативе 60 години ја организираат три различни здруженија
„Трендот е намалување на обемот на администрација и уште во 2009 година Велес е една од првите општини која културните манифестации ги делегира на здруженија на граѓани што значи им помага на уметници кои се здружуваат во здруженија на граѓани. Тоа се некои европски трендови и ако тие ни сугерираат да се приближуваме побрзо до Европа зошто тогаш ова го враќаат во организација на Општина Велес“, објасни Љутков.
Љутков се осврна и на Македонското културно лето во Пустец и во Корча кое добива само 400 илјади денари укажувајќи дека македонската култура во оваа соседна држава заслужува многу повеќе. Според него очигледно е дека има и низа пропусти во комисиите кои работат на ова проблематика.
„Минатата година во Комисијата за музејска дејност имавме наставник по биологија како тој ќе одлучува за оваа област, или оваа година е наставник по англиски јазик. Тоа е недозволив таму треба да бидат професионалци“, рече Љутков укажувајќи дека претходно во овие комисии членувале професори, академици.
Според Љутков во минатото членовите на комисиите се појавувале на прес конференции заедно со министерот за култура.
„Решението е тоа што во националните установи треба да го смениме системот на финансирање, сега директорите на театрите и националните установи не сносат одговорност за тоа што го прават затоа што имаат уметнички совети кои им предлагаат програми, директорите ги носат во министерот за култура во некои комисии кои не се на ниво да одлучуваат, па тие кај министерот и се враќаат кај директорот и тој вели ова не е мојата програма. Ние ќе го смениме системот на финансирање и ќе им дадеме делегиран буџет на националните установи со зададени од старт критериуми“, кажа Љутков.