Тие се вистински кралици на хороскопот.

Лавиците се силни личности и управуваат со својата моќ исто како и нивниот планетарен владетел, Сонцето.

Едно е сигурно, ако некој се обиде да си поигра со нив или да ги излаже, нема да помине добро. Лагата е нешто што тие го презираат. Ако некој се обиде да го наруши нејзиниот животен стил или да им наштети на луѓето кои ги сака, таа ќе ја нападне таа личност со сите сили. Тие секогаш се таму за својот круг на луѓе. Таа несебично ја споделува својата помош со драги луѓе.

Таа е некој кој има одлична насмевка, внатрешно чувство за самата себе, големо срце и способност што било да направи можно. Некаде длабоко во себе, сфаќа дека нема ништо што не може да се направи и тоа може да инспирира, мотивира и да реши некои проблеми кои стојат на патот на некој.

Таа може да биде деструктивна, да наметне мислења и да донесува одлуки кои воопшто не се за неа. Лавиците се живи особи, полни со живот, а нивниот ентузијазам и разиграност се скоро заразни и секогаш се подготвени за забава.

„Родена сум слободна!“ Е мотото на овој астролошки знак

Љубов и секс

Лавиците се топли и полни со волја кога треба да ги искажат своите чувства и страсти. Лавовите се телесни суштества, а својата сексуалност ја искажуваат со голема самодоверба. Откако на некој ќе фрли око, таа ќе биде исклучително решена да го добие она што го сака.

Кога една жена во знакот на Лав ќе се вљуба, нејзиниот свет почнува да се врти околу партнерот. Таа ќе му даде сè на својот партнер, срце, душа и тело, без никаква задршка. Нејзината љубов е топла и страсна, подготвена да се бори, да се помири, да води љубов и да ги поминува деновите во прегратка сè до оној момент кога нејзината лична слобода не е загрозена.

Врска

Не е секогаш лесно да се биде во врска со неа. Преголемо врзување е секогаш придружено со премногу високи очекувања, и таа може да биде исклучително посветена. Во некои случаи, таа може да биде незаинтересирана или фокусирана на себеси и нејзината кариера или некои други луѓе во нејзиниот живот.

Само кога сака длабоко, таа станува мила и топла Лавица која ја дава целата своја душа на нејзиниот партнер и семејство.

Кога таа знае што сака, не постои ништо што ќе ја премисли. Не можеме лесно да ја наречеме тврдоглава, туку жена со силна волја.