Скопската општина Бутел, денеска ја почна втората фаза на чистење на коритото на реката Серава на потегот познат како поранешна т.е. сегашна последна „57“. Според градоначалникот Дарко Костовски, останати се уште еден километар за да се исчисти реката. Локалните жители го информирале дека реката не е чистена од 2008 година.
– Она што сакам да го истакнам е дека веднаш откако што ќе се исчисти реката во овој дел ќе продолжиме да ја чистиме и во еден мал дел во Радишани што ни остана, тоа е потегот од мостот надолу кон населеното место Расадник. Но, она што е најважно, тоа е во моментот скоро еден месец се проектира проект којшто ќе треба да резултира со изградба на корито во населеното место Радишани, на реката во тој дел нема корито. Проектот предвидува и пешачки трим-патеки токму онака како што и најавивме предизборно, изјави Костовски.
Општина Бутел, предвидува да изгради трим патека и во други населени места: во Бутел 1, Живко Брајковски и Свети Климент Охридски.