Рестораните, кафулињата и продавниците што не се неопходни ќе бидат затворени во Санкт Петербург од 30 октомври до 7 ноември, според указот потпишан од гувернерот Александар Беглов. Дополнително, ќе бидат затворени козметичките салони, спортските центри и целата неприоритетна трговија, но тоа не важи за аптеките, бензинските пумпи и продавниците за храна.
Во тој период, базените, аква парковите и другите рекреативни објекти, вклучително и оние за деца, ќе имаат ограничен влез, а центрите за јавни услуги ќе бидат затворени. Властите во Санкт Петербург ја суспендираа работата на институциите за култура во неработни денови, освен театрите и музеите, а забавните, спортските и рекреативните настани се забранети.
Санкт Петербург досега има потврдено 683.103 случаи на заразени со Ковид-19, што е најпогодениот руски регион по Москва. Исто така, оздравени се 623.226 и 23.296 починати од Ковид 19, а во изминатите 24 часа се регистрирани 3.360 нови инфекции во тој, втор по големина руски град.