Седумнаесет луѓе се повредени, од кои некои потешко, при судир на два автомобила кои влетале во групата гледачи на собирот на еден авто клуб во англискиот град Стивениџ.
Како што пренесуваат британските медиуми, едниот автомобил удрил во другиот, по што двата влетале кон луѓето кои стоеле покрај патот, околу 45 километри северно од Лондон.
Настанот го организирал клубот Круз-Херц, чии членови се состануваат секој четврток.
Организаторот соопшти дека по овој инцидент нема повеќе да има собири на членовите на клубот.