ЛОНДОН: Маж со палестинско знаме се качи на Вестминстерската палата

/ 08.03.2025

Маж со палестинско знаме се искачи на кулата Елизабета во Вестминстерската палата, на која се наоѓа Биг Бен, јавија денеска британските медиуми.

Полицијата соопшти дека добила повик за инцидентот во 7:24 часот утринава, и оти пожарникарско возило подоцна подигнало кран до мажот со палестинско знаме на кулата на Вестминстерската палата.

Припадници на полицијата се на кранот и комуницираат со мажот кој е оддалечен од нив неколку метри.

– Полицајците се на местото на настанот и работат на безбедно завршување на овој инцидент. Ним им помагаат членови на лондонската противпожарна бригада и службите за брза помош, се вели во соопштението.


Од истата категорија