Британската премиерка Тереза Меј нагласи пред Парламентот дека владата засилува подготовка за брегзит без зделка.
Меј истакна дека нејзиниот договор со ЕУ за брегзит останува „најдобрата зделка што може да се договори“ и додаде дека каков и да е договорот ќе биде потребен компромис.
Таа смета дека владата треба да биде подготвена за можноста Велика Британија да ја напушти ЕУ без зделка.
– Додека не успеваме да постигнеме согласност за зделка, опасноста од варијанта без зделка се зголемува, нагласи Меј. Изјавата ја даде откако го одложи гласањето закажано за утре во Парламентот за договорот признавајќи дека загубила „со значителна разлика“.