Возачот на Дукати, Хорхе Лоренцо, нема да настапи на трката за Големата награда на Тајланд, откако за време на вчерашниот тренинг имаше сериозен инцидент.
Лоренцо падна додека возеше на патеката, а потоа беше пренесен во болница, каде беше утвредено дека нема скршеници и дека поминал со нагмечувања и модринки.
Тој во Тајланд дојде недоволно заздравен, откако пред десетина дена на трката во Арагон исто така се повреди, a овојпат неговиот тим не сакаше да ризикува.
Според шпанскиот возач причина за неговиот пад е механички проблем на мотоциклот, но од тимот на Дукати сметаат дека инцидентот се случил поради грешка на Лоренцо.