Двесте припадници на полицијата во Лос Анџелес ќе се обучуваат да ги користат новите уреди за неутрализирање на осомничено лице со врзување.
Направата Бола-рап, којашто веќе се користи во неколку други единици, работи на принцип што исфрла жица која ги стега нозете или телото на човек што бега, на оддалеченост и до осум метри. Жицата притоа го ограничува мрдањето на осомничениот и им помага на полицајците да извршат апсење без примена на сила, објави Би Би Си.
Полицајците во САД често се критикувани поради употреба на сила врз невооружени осомничени лица. Во тој поглед, началникот на округот Бел, Карлос Ислас истакнува дека направата ќе се користи само во специфични ситуации, вклучително и во случаи кога лицето страда од некое психичко нарушување.
– Тоа е еден од уредите што само полицајците ги користат и не е применлив во секоја ситуација, рече Ислас.
Државната полиција на Масачусетс минатиот месец соопшти дека во употреба се пуштени и робот-кучиња на далечинско управување, кои ќе ги задржи полицајците на безбедно растојание во потенцијално опасни ситуации.
Американските активисти за човекови права бараат образложение за секој ваков новитет во полицијата.