Познатиот оперски пејач Пласидо Доминго поднесе оставка на местото генерален директор на Операта на Лос Анџелес, откако неколку жени го обвинија за сексуално вознемирување.
– Со обвиненијата се создаде атмосфера во која е загрозена мојата способност да ѝ служам на куќата што толку ја сакам, наведува Доминго во вчерашното соопштение.
Доминго (78) во Операта настапил повеќе од 300 пати, со 31 различна улога. На местото генерален директор тој беше од 2003 година.
Доминго пред две недели објави и дека веќе нема да настапува во Метрополитен во Њујорк. Неколку други оперски куќи и оркестри низ САД, исто така ги откажаа настапите на контроверзниот певец.
Околу 20 жени го обвинуваат Доминго за повеќегодишно сексуално вознемирување во Операта на Лос Анџелес. Неколку од нив тврдат дека и останале без работа или дека биле казнети поради одбивање на неговите непристојни понуди.
Доминго ги отфрла овие наводи како „загрижувачки и неточни” и смета дека неговите врски со жените биле на доброволна основа.