„Битолската болница се наоѓа во една тешка состојба. Императив на секоја одговорна влада е да има здрава нација, доколку се има здрава нација ќе има здрави институции и здрава држава. За жал ако правниот систем е крвотокот во една држава, р’бетот е здравството. Денес здравствениот систем во Република Македонија е со политраума благодарение на владеењето на неспособните од СДСМ и ДУИ“, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ др. Олга Лозановска на денешната здравствена платформа за иднина во Штип на тема „Концепт во здравство“.
Таа додаде дека власта за 7 години не успеа да ја изгради клиничката болница во Штип.
„Не успеаја 7 години да ја изградат клиничката болница во Штип исто онака како што не успеаја да го изградат ни клиничкиот центар, а ветуваа дека и нов клинички центар ќе изградат во Битола, но од тоа нема ништо заради неспособните што беа на власт во изминатите 7 години.“, рече Лозановска.

Таа истакна дека клиничката болница во Битола е сведена на селска амбуланта.

„За жал денес клиничката болница Битола е сведена на селска амбуланта, недостига медицински персонал, има затворање на одделението за пнеумофтизиологија, одделението за инфективни болести работи со еден доктор и е со полно работно време и еден доктор со скратено работно време, одделението на урологија работи со еден уролог, неврохирургија има еден неврохирург, на неонатологија еден неонатолог.“, вели Лозановска.

Таа потенцираше дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реши проблемите во здравството.

„Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реши постепено сите овие проблеми во здравството, ќе вложуваме во човечкиот капитал затоа што граѓаните на една држава се најголемото богатство. ВМРО-ДПМНЕ знае како да ги решава тие проблеми за да имаме задоволни пациенти и задоволни здравствени работници. Со решавањето на проблемите во здравството се решава сегашноста и иднината на Република Македонија“, заклучи Лозановска.