Напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд ги постигна двата гола за својот тим во победата над Пари Сен-Жермен (2:1) во осминафиналето од Лигата на шампионите. Деветнаесет годишниот Норвежанец стигна до 10 погодоци во елитното натпреварување на само седум натпревари, четири малку од претходниот рекорд.
Претходно, Адријано, Садио Мане и Роберто Фирмино успеаја да постигнат 10 гола на 11 натпревари во Лигата на шампионите.
Воедно, Холанд е првиот играч кој постигнал гол во сезоната на Лигата на шампионите за две различни екипи. Првиот дел од сезоната, Норвежанецот настапуваше за Салцбург.